Од Стража до Групчин два часа ќе се вози под посебен режим
Гостивар, 3 април 2023 – Сообраќајот на релацијата од Кичево кон Скопје и обратно, утре ќе се одвива под посебен режим. Поточно, ќе има забрана за движење на товарани возила, а автобусите и автомобилите ќе се движат по околните патишта. Затоа сите кои утре планираат да патуват околу пладне нека си направат поинаков план особено во периодот од 11 до 14 часот на релацијата Стража-Групчин. Причината е прослава која е закажана на тетовската патарина.
Од СВР Тетово информираат дека дека утре, (вторник 4 април 2023 година) од 11 часот и 45 минути до 13 часот и 15 минути, на потегот од Стража до тетовски Групчин, ќе се воведе посебен сообраќаен режим.
Во овој период целосно ќе биде запрен товарниот сообраќај. Товарните возила кои ќе бидат затекнати на автопатот ќе се исклучуваат од сообраќај, а ќе бидат отворени сите регионални патни правци на подрачјето кои ќе се користат за таа намена
Што се однесува до патничкиот сообраќај од Скопје кон Тетово ќе се одвива до клучката Југ и потоа ќе се пренасочува по регионалните патишта. Од Гостивар кон Тетово ќе се одвива до клучката Камењане и ќе се пренасочува по регионалните патишта.
Причина за ваквиот режим е одржување на свеченост по повод започнувањето на градежните работи на автопатот Тетово-Гостивар.
Од СВР Тетово апелираат до возачите да ги почитуваат наредбите и насоките од полициските службеници, како и сообраќајната сигнализација која дополнително ќе биде поставена на овој потег.
Коментарите се затворени.