Наскоро 35. Меѓународен Саем на книгата

Гостивар, 10 април 2023 – Меѓународен Саем на книгата, кој годинава се одржува под мотото „Мирисот на нова книга ја најавува пролетта“ ќе трае седум дена на почетокот од мај. Овој настан познат како „фестивал на пишаниот збор“, секоја година е домаќин и главен центар на најзначајните домашни и бројни странски автори и издавачи, кои ги претставуваат своите најактуелни изданија

Годинешното издание на еден од најомилените саеми во државата, ќе се одржи од 4ти до 10ти мај, во Арена „Борис Трајковски“. „Мирисот на нова книга“ на изложените штандови на над 50 учесници, во кои се вбројуваат најуспешните македонски издавачки куќи, – се проектира да привлече илјадници љубители на чувството да се поседува и подари нова книга.

Во календарот на најзначајни културни македонски настани, централното место со децении му припаѓа токму на „Саемот на книгата“, – најомилениот период од годината кога ѝ посветуваме посебна љубов и грижа на личната домашна библиотека или пак кога ја зачестуваме навиката да пронајдеме и подариме нови книги на најблиските.

Најголемата манифестација посветена на книгата на национално ниво, која во мај ќе претстави голем број наслови од сите континенти во светот, – се занимава со промоција на книжевното творештво и љубовта кон пишаниот збор, како и културна размена и иницирање актуелни литературни и општествени прашања.

Коментарите се затворени.