Се одбележуваат 100 години од изградбата Св. Петка во Стенче
Гостивар, 18 април 2023 – На големиот православен празник Источен петок-Балаклија во селото Стенче ќе се одбележи еден век од изградбата на црквата Св. Петка.
По тој повод црковниот одбор на село Стенче и архијерејско намесништво упатуваат покана до сите православни верници да присуствуваат на прославата на овој јубилеј.
На 21 април (Источен петок-Балаклија) ќе има божествена литургија, режење на кумските погачи, заедничка братско-сестринска трпеза на љубовта и народна веселба
Прославата ќе започне од 8 и 30 часот.
Црковниот одбор на село Стенче ве поканува на заедничко споделување на голема радост и да се измоли мир и благосостојба за семејствата и татковината.
Коментарите се затворени.