Познати финалистите на јубилејното 10-то издание на „ЛИТЕРАТУРНИ ИСКРИ“
Гостивар, 24 април 2023 – По завршувањето на конкурсот за пријавување и оценувањето на пристигнатите поетски творби, организаторот на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ го објави списокот со годинешните финалисти.
Тричлената жири комисија во состав: Маја Апостолоска ,Бранко Цветкоски и Слаѓана Брезовска, од пристигнатите 184 творби во двете возрасни категории го направи „Златниот одбир“.
За наградите како финалисти на десеттото фестивалско поетско издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри “2023 се: Тара Едуард, Ијаши- Романија, Марија Јанчевска – Скопје, Димитра Десановска – Битола, Анета Велкоска Ода – Скопје, Десанка Николова – Велес, Душан Стојковиќ, Грделица – Србија, Фросина Тасевска – Штип, Сара Ѓорѓијоска – Куманово, Александра Вујишиќ, Подгорица – Црна Гора, Силвана Димитриевска – Скопје, Лидија Размовска Тримовска – Скопје, Сара Ангелова – Делчево.
Овие финалисти конкурираат за наградите: Гран при, прва, втора и трета награда, Награда за најдобар странски автор и Најуспешна млада поетска искра.
Организаторот на фестивалот наведува дека се избрани и поетите кои ќе бидат застапени во заедничката поетска збирка. Целосниот список може да го прочитате тука
https://www.facebook.com/literaturniiskri/posts/756681665915160
Годинешното издание на фестивалот, претставувањето на финалистите пред публиката, доделувањето на наградите и признанијата и промоцијата на заедничката збирка ќе се одржи на 21 мај 2023 (недела) во Гостивар.
„Литературни искри“ се одржува во чест на Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј и го одбележува државниот празник.
Носител на проектот е здружението „Милениум“ со поддршка од министерството за култура на Македонија
Коментарите се затворени.