Промоција на „Движење за прогресивни промени“
Гостивар, 25 април 2023 – Поддржувачите и симпатизери на „Движење за прогресивни промени“ вечерва ќе го промовираат својот огранок во Гостивар.
Во поканата до јавноста се наведува дека во малата сала на Центарот за култура „АСНОМ“ во 19 часот ќе започне промоцијата на новото здружение на граѓани во Гостивар „Движење за прогресивни промени“.
– На вечерашниот настан ќе има гости од веќе формираните граѓански здруженија низ Македонија. Посебно обраќање ќе има и градоначалникот на Куманово господинот Максим Димитриески, стои во поканата.
Според најавите се очекува ова движење да прерасне во нов политички субјект и самостојно да настапи на следните парламентарни избори. Во план е формирање на дваесетина здруженија/ограноци, а веќе функционираат во Куманово, Прилеп, Крушево, Кочани и Тетово, а во септември и здружение во Скопје. Според досегашните изјави на неформалниот лидер на ова здружение, градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, тоа се базира на концептот на движењето „За наше Куманово” кое беше формирано за локалните избори и треба да понуди прифатливи политики за воведување на економски развој и владеење на правото во Македонија.
Коментарите се затворени.