Со секира расекол бик и завршил зад решетки

Гостивар, 27 април 2023 – Несекојдневен настан се случил во подшарпланинското село Горјане, по кој полицијата лишила од слобода едно лице. Станува збор случка во која сточар, во обид да го заштити стадото, расекол говедо на сосед.

Шеесет годишниот Г.Ш. е осомничен дека со секира го повредил бикот сопственост на Џ.Н. од Горјане. Неофицијално, бикот кој слободно се напасувал на падините близу селото, се нашол во близина на стадото овци на Г.Ш. и ги растерувал. Во обид да ги заштити и да го оддалечи, тој посегнал по секира со која на бикот му нанел исеченица.

Случајот добил завршница вчера, како што се наведуваат од СВР Тетово.

– Вчера (26 април) околу 16 часот и 30 минути, во гостиварско Горјане, полициски службеници на ОВР Гостивар го лишиле од слобода 60-годишниот Г.Ш. од Неготино-Полошко. Тој се сомничи дека на 15-ти овој месец околу 16 часот со остар предмет повредил добиток, сопственост на 68-годишниот Џ.Н. стои во информацијата од СВР Тетово.

Случајот со несекојдневна завршница се расчистува и документира, против Г.Ш. ќе следува поднесок.

згм

Коментарите се затворени.