Прва start-up конференцијата нa Младинскиот ресурсен центар „iCan“
Гостивар, 20 јули 2023 – Во организација на Младинскиот ресурсен центар „iCan“ се организраше конференција чија цел е обединување на претприемачите, експертите од индустријата, младите луѓе со иновативни бизнис идеи, како и претставници на владините институции и локалната самоуправа за да ја поттикнат соработката. Во дискусиите на панелите беа разменети искуства и знаења поврзани со механизми за поддршка, можностите за раст на стартапите, финансирање и приспособливост.
Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, кој учестуваше во еден од панелите, посочи дека ваквите настани се корисни и значително придонесуваат во премостување на јазот помеѓу екосистемот за поддршка и младите претприемачи.
-Иднината на секоја земја се младите, а иднината на секоја економија се старт-ап заедницата и спиноф компаниите. Преку старт-ап заедницата освен што креираме можност за младите да се вработат, креираме и можност за младите да останат кај нас и тука да се реализираат, рече министерот Азир Алиу
На првата конференција за стартапи на iCan низ панел-дискусии во кои учествуваа експерти, учесниците добија совети, насоки за пристап до ресурсите неопходни за успешен стартап бизнис. Организаторите оваа конференција ја замислија како собир од кој се очекува создавање на платформа преку која во иднина ќе се споделува знаење, вмрежување и нови идеи.
Според министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, за Македонија е важно да го развива стартап бизнисот, бидејќи освен економската корист, тој позитивно влијае и врз младите кои нивната кариера и напредок треба да го развиваат на домашен терен.
Kонференцијата за стартапи e дел од активностите на Младинскиот ресурсен центар iCan за зајакнување и поддршка на младите претприемачи во нивните стартап потфати. Досега, преку програми, работилници и менторирање, iCan помогна на неколку стартапи да постигнат успех. Активноста е дел од проектот за креирање можности за работа за сите, поддржано од Швајцарската агенција за развој и соработка, а во партнерство со УНДП и Министерството за труд и социјална политика.
Коментарите се затворени.