Доделени сертификати за триесетина идни слаткари

Гостивар, 7 август 2023 – На триесетина лица кои во мај ја започнаа обуката, денес им беа врачени соодветни сертификати за слаткари со кои добиваат дополнителни можности за вработување. Обуката е дел од иницијативата за приватно – јавно партнерство помеѓу општина Гостивар, Пела тренинг центар и Министерство за труд и социјална политика. Меѓу пријавените во стручната обука во првиот Мултифункционален општински центар кои ја следеа обуката, повеќе од половина се лица со попреченост.

Сертификатите на пригодна свеченост ги врачија градоначалникот Арбен Таравари и претседателот на општинскиот совет, Ваљбон Лимани.

– Ми причинува особено задоволство што по еден ваков проект кој го реазлизраввме во соработка со УНДП на неколку лица со попреченост им отвораме уште една можност за вклучување во животот на општина. Со добиените сертификати, тие ќе може да работат и помагаат во угостителски објекти, рече градоначалникот Таравари.

На почетокот од обуката, партнерите во овој проект посочија дека селектирана група ќе помине низ теоретскиот дел и практичната обука за готвење и слаткарство.

– Обуката започна во мај, а идните слаткари и слаткарки деновиве успешно поминаа и низ последната фаза од обуката. Сите тие изучија вештини и открија дел од тајните на слаткарството и подготвувањето на храна, рече Филип Јанески обучувач од Пела тренинг центарот. Крајната цел е по завршувањето, да им се овозможи поефективно вклучување на пазарот на трудот, но за отворање сопствен бизнис во туризмот или угостителството како актуелни стопански гранки.

Коментарите се затворени.