Кампања за бесплатна правна помош во Гостивар

Гостивар, 22 август 2023 – Министерот за правда, Кренар Лога со неговите соработници при посетата на Гостивар ја промовира кампањата за бесплатна правна помош која е дел од проектот „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош во Северна Македонија“ и оствари средби со преставници на правосудните органи и локалната самоуправа.

Во рамки на кампањата, граѓаните од гостиварскиот регион можеа да информираат за можноста да добијат и побараат бесплатна правна помош, во случаи на дискриминација, семејното насилство, остварување на право на социјална и здравствена заштита, работни спорови. Оваа услуга е наменета за ранливите категории на граѓани и оние кои се наоѓаат во неповолна финансиска состојба и на тој начин пред судовите и институциите да добијат фер судење или поддршка од адвокат.

– На ваков начин го зајакнуваме пристапот до правда за граѓаните, што е една од основните вредности на ЕУ и Советот на ЕУ“, рече Ирена Цуцуловска Јакимовска, проектен координатор во канцеларијата на Советот на Европа во Скопје.

На промоцијата беше кажано дека пристапот до правдата е дел од Поглавјето 23 „Правосудство и фундаментални права“ и со тоа се овозможуваат поголеми права според европските стандарди.

– Нашата цел е да се хармонизираат правната рамка и политиките во однос на бесплатната правна помош во согласност со стандардите на Совет на Европа како и да се зајакнат капацитетите за давање на квалитетни услуги, рече министерот Лога.

Кампањата се реализира во различни региони во земјава и е поддржана од Европската Унија и Советот на Европа во соработка со Министерството за правда.

На средбата со граѓаните и вработените во просториите на подрачната единица на Министерство за правда, покрај Лога беа и градоначалникот, Арбен Таравари и државниот секретар на Министерството за правда Мухамед Точи. Посетата на Гостивар, беше заокружена со средба со челните луѓе на Обвинителство, Основен и Апелациски суд на која се дискутирало за проблемите со кои се соочуваат овие институции.

Коментарите се затворени.