Изгорел автобус пред преминот Стража (ВИДЕО)
Гостивар, 1 септември 2023 (МИА) – Нема повредени во пожарот што зафатил автобус со патници кој се движел на патниот правец Гостивар-Кичево и се запалил пред преминот Стража. Од СВР Тетово информираат дека претпладнево околу 11:20 часот било пријавен случај на опожарување на возило.
– Според пријавата, во СВР Тетово, на магистралниот пат Гостивар-Кичево, а околу три километри пред месноста „Стража“, настанал пожар во автобус кој се движел кон Кичево.На посоченото место веднаш се испратени полициски службеници од ОВР Гостивар и екипа од гостиварската Територијална противпожарна единица, наведува Марјан Јосифоски од СВР Тетово.
Според првичните информации нема повредени лица, а непознати се причините и колкава штета настанала од опожарувањето.
згм
Коментарите се затворени.