„Прогрес“ прва работилница за бесплатани поправки
Гостивар 4 септември 2023 (МИА) – На пригодна свеченост денес во општинското средно техничко училиште Гостивар (ОСТУ) беше предадена во употреба работилницата “Прогрес” во која граѓаните, бесплатно ќе ги поправаaт оштетени предмети и уреди, облека, играчки, велосипеди и слични предмети. Овој проект произлезе од соработката меѓу локалниот клуб на социјалдемократската младина (СДММ) и општина Гостивар.
– Со вакви активности, во кои младите се инцијатори, а во овој пример социјалдемократската младина, се прави пракса на намалување на количеството на отпад кој се депонира. Оваа работилница иако е мала и засега само во една општина, таа значи многу. Таа може да ги поттикне и останатите да размислуваат дека не сé што е отпад треба да биде ѓубре, односно дека можеме да го реупотребиме, рециклираме, рече Каја Шукова министерка за животна средина и просторно планирање.
Во презентацијата на проектот Ема Нешкоска посочи дека ова е добар пример како европските добри пракси се мултиплицираат и во нашата држава, а ќе помогнат во развивање на практичните занаетчиски вештини и социјализација на учениците. Меѓу останатото се очекува да придонесе и за развивање на свеста за заштита на животната средина и односот кон отпадот кој што е една од најгорливите еколошки теми на државата.
Отворањето и функционирањето на работилницата „Прогрес“ освен што е грижата за околината има за цел поттикнување на занаетчиските вештини кај луѓето, пред сè кај младите.
– Во земјава има сé помалку занаетчии и ова ќе биде убава можност да се поттикнат помладите. При одлучувањето сметавме средното техничко е најпогодно и таму учениците низ пракса ќе совладуваат занаетчиски вештини, а кај некои да се роди желба за започнување на сопствен бизнис, рече во обраќањето градоначалникот на општна Гостивар Арбен Таравари.
Идејата за отворањето на работилницита произле на првиот младински камп на СДСМ и како најдобра, беше финанасиски поддржана од фондацијата Фридрих Еберт.
Коментарите се затворени.