Писателот Ѓорѓе Матиќ промовира роман во Скопје

Гостивар, 13 септември 2023 – Љубителите на пишаниот збор утре ќе имаат исклучителна можност да се дружат со Ѓорѓе Матиќ еден еден од водечките писатели на Балканот. Тој како есеист на пошироката јавност е познат како автор на есеите посветени на музиката „Тајни врски“ и како уредник и коавтор на „Лексиконот на ЈУ митологијата“.

Првото претставување на овој автор и промоцијата на романот на Ѓорѓе Матиќ – „Од никаде со љубов“(Niotkuda s ljubavlju) ќе се одржат утре (четврток 14 септември) со почеток во 19 часот, во Конференциската сала на Јавна соба (Public Room). За неговото творештво ќе зборува професорката Елизабета Шелева, а модератор на настанот ќе биде новинарот Иван Беќковиќ. Публиката ќе има можност лично да го запозне овој автор и меѓусебно да се дружат на неговото прво гостување и претставување во Скопје.

Настанот го организра СПОНА – Српскиот културно-информативен центар во Македонија.

Матиќ важи за еден од водечките регионални писатели, публицисти, преведувачи, на нашето време. Роден е во Загреб во 1970 година, во 1991 година замина во Италија, а потоа во Холандија, а по речиси три децении живот во егзил, сега живее во Пореч.

Ѓорѓе Матиќ- фото Драган Мујан

Во богатиот литерарен опус на Ѓорѓе Матиќ, освен споменатиот роман „Од никаде со љубов“, се и стихозбирките „Друг звук“ и „Шифрирано, биографија – нови и избрани песни“, како и есеите за музика „Тајни врски“ и збирка есеи за српската култура „Историја и современици“.

Значаен податок во професионалната биографија на Матиќ е и „Лексиконот на ЈУ митологијата“, кој тој го уредувал и каде беше коавтор. Ѓорѓе Матиќ во овој период е член на редакцијата на загрепското списание „Просвјета“ и соработник на магазинот ОКО на српскиот национален сервис РТС.

Коментарите се затворени.