Пожарот на Шар Планина во атарите на Горно Јеловце и Долно Јеловце уште е активен

Гостивар, 14 септември 2023 (МИА) – Втор ден од појавата на шумски пожар на падините на Шар Планина помеѓу селата Горно и Долно Јеловце, локални жители, вработени и доброволци интензивно работат на гаснењето огнот. Според информациите од Националниот парк „Шар Планина“ опожарено е пасиште со површина од околу 100 хектари и изгорена е сува трева.

Од ЦУК информираат дека вчера пожарот во бил локализиран и изгасен, а околу пладне била добиена е дојава од граѓанин дека пожарот во атарот на селото Дебреше повторно се реактивирал.

– Огнот зафатил пасишта и ливади со висока сува трева, нискостеблеста деградирано и ниска смрека. На терен се заминати 6 вработени од НП „Шар Планина со две теренски возила. Во гаснењето се вклучени и 10 тина мештани од селото наведуваат од ЦУК.

Вчера, Регионалниот ЦУК Гостивар извести дека од пожарникарите од ТППЕ Гостивар добиле информација за пожар во Горно Јеловце што е под надлежност на НП „Шар Планина“ кои со ренџерска екипа почнале со гаснење.

Во првата акција, огнот бил локализиран, но во текот на ноќта, пожарот повотрно бил активиран.

згм

Коментарите се затворени.