Смена во СВР Тетово: Началникот Амир Далипи со нова функција во МВР, в.д Ивица Михајловски

Гостивар, 14 септември 2023 – Амир Далипи, началникот на СВР Тетово од утре заминува на нова работна позиција во Министерството за внатрешни работи.  До избор и назначување на нов началник, на раководната позиција како вршител на должноста ќе биде Ивица Михајловски кој досега беше помошник на Далипи.

-Началникот на СВР Тетово, Амир Далипи, кој повеќе од пет години со успех ја извршуваше оваа функција, на негово барање, од утре заминува на друга- висока позиција во МВР во Скопје. Во изминатите пет години, покрај другото, началникот Далипи посебно внимание и посветуваше на транспарентноста и отчетноста пред јавноста за сите реализирани мерки и активности, преку отворена и конструктивна соработка со сите медиуми. До назначувањето на нов началник на СВР Тетово, должноста ќе ја врши помошникот началник во СВР Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По ова смена во СВР Тетово, предвидени се и промени на останатите позиции во одделнијата и полициските станици.

Коментарите се затворени.