Берат Јакупи со нова титула, освои сребро и стана балкански вицешампион
Гостивар, 24 септември 2023 – Еден од најуспешните гостиварски спортисти, каратистот Берат Јакупи го освои сребрениот медал на Балканското првенство во карате Тирана, Албанија. До титулата вицешампион дојде по пет борби. Од стручниот штаб на Јакупи во информацијата за најновиот успех посочуваат дека тој докажува формата и дека е во врвот на меѓународната карате сцена.
– Денес во вистински спортски спектакл на Балканското првенство во карате, имаше забележителен настап и по пет борби, заслужено се искачи на подиумот. Освоениот сребрен медал во ваква силна конкуренција е доказ за неговата неверојатната посветеност кон на спортот. Но, за Берат ова е само почеток. Тој ќе продолжи со интензивните подготовки во текот на овие месеци и е подготвен да се соочи со следниот предизвик на крајот на октомври на Светското првенство во карате. Неговата цел е да се врати со медал за својата земја, наведуваат од стручниот на гостиварскиот каратист и член на националната селекција.
Јакупи од пет борби, имаше четири победи, а онаа најважната во финалето ја загуби од Србинот Ѓорѓе Тесановиќ и така го освои сребрениот медал.
Коментарите се затворени.