Работилница „Розов октомври“ за сензибилизација за ракот на дојка: Наредната година ќе има 50 бесплатни мамографски прегледи
Гостивар: 9 октомври 2023 (МИА) Во Министерството за здравство, изминатиот период се работи воведување на новиот протокол за упатување на жените за прегледи на дојка, што го изготви националната комисија за рана детекција и скрининг на рак на дојка, ова го кажа министерот за здравство, Фатмир Меџити на работилница во Гостивар посветена на ракот на дојка.
Првиот човек на македонското здравство во обраќањето пред присутните во салата на советот на општина Гостивар, напомена дека ваквите настани се одлична можност за да се подигне свеста и испратат пораки дека превенцијата и раното откривање на рак на дојка спасува животи.
– Од овој месец почна примената на новиот протокол за упатување на жените за прегледи на дојка. Со новиот протокол значително се скратува времето на чекање за пациентот и се овозможува рана и навремена дијагностика за ова сериозно заболување, рече министерот Меџити.
Тој нагласи дека во министерството се фокусирани на зајакнување со најсовремена и најсофистицирана опрема на јавните здравствени установи и зајакнување на човечкиот потенцијал.
Локалната самоуправа од идната година ќе помогне во превенцијата од оваа болест, за што веќе е подготвена и програма во одделението за социјална заштита, здравје и детска заштита при општина Гостивар. За оваа намена договорена е соработка со дигностичкиот центар РоМедикал.
– Се приклучивме во активностите во месецот за подигање на свеста за ракот на дојка, а се надевам дека оваа работилница ќе има свој придонес за да се добијат одговори на многу прашања. Како општина продолжуваме со поддршката, а од следната година обезбедивме и 50 бесплатни мамографски прегледи, рече градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.
Работилницата во Гостивар ја организира здружението „Езра“ како дел активностите во овој месец за превенција од рак на дојка и пружање на помош на заболените и лекуваните. Учесниците имаа можност да слушнат повеќе за оваа болест од радиолог Миранда Рамани Изаири, торакален хирург Илир Вела и онколог Илир Исмаили. Тие одговараа прашања поврзани со болеста, терапијата, процесот на лекување и стручни совети.
Коментарите се затворени.