Честит 11 Октомври Денот на народното востание

Нека ни е честит, вечен и вековит 11 Октомври, нашата патриотска гордост, датумот за восхит и незаборав, со златни букви запишан во македонската колективна меморија.

Слава и почит на хероите кои на олтарот на големиот идеал за својата и наша татковина го положија највредното од себе, нивните животи!

Организираното востание почна во 1941 година кога Првиот прилепски партизански одред го нападна бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Коментарите се затворени.