Музичка вечер, крводарителска акција и турнир во мал фудбал во чест на „д-р Трајче Нешковски“

Гостивар, 12 октомври 2023 – Претстојниов викенд ќе биде исполнет со повеќе настани кои се организирани во чест на д-р Трајче Нешковски, пулмолог, кој почина пред три години. Неговите пристап и животен стил беа препознаени и ценети од гостиварци, а важеше за човек кој сака несебично да помогне и градеше пријателства.

Од Хуманитарното здружение на граѓани „Д-р Трајче Нешковски“ организираат низа активности под мотото „Ако човекот живее онолку колку што се спомнува, тогаш Трајче живее секој ден.“

Настаните започнуваат во петок со вечерна хуманитарна забава во клубот Булевар BLWD од 21:00 часот, на која ќе настапат Влатко Лозановски и Марко Логаут. Влезот е чини 100 денари, а прибраните средства ќе одат во хуманитарни цели.

Во сабота од 10:00 до 15:00 часот ќе биде организирана крводарителска акција во салата во СОУ „Гостивар“ (гимназија) во соработка со Црвениот крст.

– Во знак на солидарноста и човечноста што Трајче ги носеше со себе, ве повикуваме да ја изразите вашата хуманост преку дарување на крв и вие самите да спасите нечиј живот, порачуваат од здружението.

Во недела, со почеток од 12:00 часот, во салата во СОУ „Гостивар“, ќе се одржи традиционалниот меморијален спортски турнир, кој ќе започне со ревијален натпревар на младинските екипи на КК Гостивар, по што ќе се започнат натпреварите во третиот турнир во мал фудбал.

– Оваа година, предвидени се награди за: најдобриот стрелец и најдобриот голман. Од Флекс Фитнес од Гостивар, за најуспешните ќе доделат два ваучери за користење на нивните услуги.

Меморијалниот турнир ќе биде исто така е од хуманитарен карактер.

Коментарите се затворени.