Заврши седмото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Отело“.
Гостивар, 16 октомври 20231 Со доделувањето на наградите на пригодната церемонија и изведба на претставата „Први и последни“ на Народниот експериментален театар од Тирана, синоќа во Гостивар заврши седмото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Отело“.
Жирито на фестивалот, Арта Мучај, Ѓорѓи Нешкоски, и Адем Карага признанието за најдобра претстава го додели на „Домот на Бернарда Алба“ на Народно Позориште Лесковац во режија на Андреј Цветановски. За најдобар актер е прогласен Никола Ристановски за улогата во „Народен непријател“ на Македонскиот народен театар (МНТ), а за најдобра актерка Сузана Грујиќ за остварувањето во претставата „Домот на Бернарда Алба“ на Народно позориште Лесковац. Наградата за најдобар режисер ја понесе Арбен Кумбаро за „Народен непријател“ на Тетовски Театар.
Годинава во големата сала Центарот за култура АСНОМ од 9 октомври во шест вечери беа изведени претставите на театарските ансамбли: Македонски народен театар, Скопје (МНТ), Драмски Театар „Рачо Стојанов“ Габрово-Бугарија, Косовски народен Театар, Приштина-Косово, Тетовски театар, Тетово, Народен театар Лесковац-Србија и Народниот експериментален театар од Тирана-Албанија.
Како помина овогодинешниот фестивал и други детаљи (видеа и фотографии) може да погледнете тука
https://www.facebook.com/FestivaliTeatroveOthello
згм
Коментарите се затворени.