Во четврток ќе се одбележат 100 години од раѓањето на Чеде Филиповски Даме

Гостивар, 14 ноември 2023 – Организацискиот одбор ги привршува подготовките за одбележување на 100 години од раѓањето на народниот херој Чеде Филиповски – Даме. Настанот е закажан за во четврток (16.11.2023) градски плоштад, во 11 часот.

Според најавите, предвидена е богата програма со обраќања на историчари, претставници на ОО на Сојуз на борци Гостивар, општина Гостивар, внуката на Чеде, Мира Филиповска Бојковска и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Настанот ќе биде дополнет со прикажување на документарен филм со сведоштва на негови соборци и роднини и настапите на женското трио „Шербет“ и ГАКУД „Браќа Ѓиноски.

Одбележувањето на годишнината од раѓањето на Чеде Филиповски е влезено во програмата на општина Гостивар за одбележување и значајни датуми. Споменик со бронзена статуа е поставен на градскиот плоштад во чест на неговиот придонес во борбата против фашистичката окупација.

 

Чеде Филиповски е роден во 1923 година во село Ниќифорово. По нападот на германската фашистичка сила на тогашното кралство, Чеде се враќа во својот роден крај и во подготовките за ослободување на земјата. Тој е еден од организаторите на НОВ во Мавровско-гостиварскиот крај. Прекарот Даме го користи по славниот илинденец Даме Груев. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ, како претставник од гостиварскиот крај. Загинува кај Радовиш на 26 јуни 1945 година во сообраќајна несреќа, возејќи мотоцикл од Штип за Струмица. За народен херој прогласен постхумно во 1949 година.

Коментарите се затворени.