Едукативен панел на здружението „When in Trouble“ по повод Денот на борба против дијабетот
Гостивар 14 ноември 2023 – Панел со дискусии и предавање за запознавање со една од најчестите болести на современото општество организираше здружението „When in Trouble“ по повод Денот на борба против дијабетот. Покрај совети за препознавање на симптомите, лекар специјалист посочи на зголемување на бројот на заболени од болеста која носи епитет „тивок убиец“
– Целта на панел-дискусија е насочена кон зголемување на свеста за намалување на ризик факторите и одложување на појавата на дијабетес како и преземање на превентивни мерки за намалување на компликациите кај пациентите со дијабетес, рече Билјана Беловинова од „When in Trouble“.
Дијабетесот претставува хронично метаболистичко заболување кое се карактеризира со зголемени вредности на шеќер (гликоза) во крвта. Присутните на панелот се запознаа медицинските сознанија за двата типа:
Дијабетес тип 1 (инсулинозависен дијабетес) Дијабетес тип 2 (инсулинонезависен дијабетес) која најчестата форма и гестациски дијабетес (дијабетес во бременост).
– Во 2018 година едно од единаесет возрасни лица во светот има дијабетес, а до 2045 година секој десетти ќе има дијабетес. Во Македонија едно од девет возрасни лица има дијабетес, беше речено на панелот.
Д-р Слаѓана Максимоска, специјалист ендокринолог посочи дека не постои ефикасна превенција за дијабетес тип 1. Превентивните мерки се насочени кон превенција од дијабетесот тип 2.
– Прво и основно е да се внимава на исхраната, да се одржува нормална телесна тежина и да се применува редовна физичка активност. Дијабетесот е „тивок убиец“ ‒ долготрајно зголемените нивоа на шеќер во крвта практично не се чувствуваат, но предизвикуваат големи оштетувања, пред сè, на крвните садови, а компликациите придонесуваат за намалување на квалитетот и должината на животот. Дел од учесниците на панелот кои пројавија интерес, имаа можност бесплатно да го проверат и нивото на шеќер во крвта.
Коментарите се затворени.