Украдени половина тон марихуана (видео)
Гостивар, 27 ноември 2023 – Несекојдневна вест се прошири низ гостиварската чаршија: Од фабрика украдени половина тон марихуана, информацијата ја потврдија од полицијата од каде велат дека е направен увид и се работи на откривање на сторителите и утврдување на одговорност. Инаку, пред месец и половина, Инаку на фирмата ѝ била поднесена кривична пријава за неправилности во работата. Од СВР Тететово за случајот наведуваат:
„На 26.11.2023 околу 23.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во фабрика за марихуана за медицински цели во атар на с.Чегране, три лица физички нападнале вработен од обезбедување. По нападот му одзеле пари и лични предмети, по што со закана со пиштол го затвориле во една просторија.
Според пријавеното, напаѓачите заминале, тој излегол и забележал дека капијата од фабриката била отворена и дека две врати од внатрешниот дел биле искршени.“
Во консултација и координација со јавен обвинител, увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар и било утврдено дека од внатрешноста на објектот лицата одзеле 41 вреќа со вкупно 552,85 килограми марихуана. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Оваа фабрика, претходно беше во фокусот на интерес на истражните и органите за прогон.
Имено, на 04.10.2023 од страна на ОКП, по извршена вонредна контрола и претрес со судска наредба, во координација со Комисијата оценување исполнетост на условите во однос на просторот, опремата и кадарот за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство биле констатирани неправилности во работењето на фабриката.
Одземените насади канабис биле предадени на Агенцијата за управување со одземен имот, по што била поднесена кривична пријава против правното и одговорното лице согласно Законот за контрола на опојни дроги и покрената постапка за одземање на лиценцата.
Ова е видеото од контролите
Коментарите се затворени.