Малолетник со нож ја бранел мајката од насилниот татко

Гостивар, 29 ноември 2023 – Несекојдневен настан бил регистриран синоќа во полицискиот билтен. Во случај на семејно насилство кој се одвивал во домот малолетник посегнал по нож во намера да ја одбрани мајката која претходно се расправала со сопругот. (заради заштита на идентитетот, не се откриваат лични податоци и локацијата)

Според СВР Тетово, вчера (28 ноември) околу 20 часот и 30 минути полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар лишиле од слобода малолетник од гостиварско село. Детето е осомничено дека претходно со остар предмет го нападнал и повредил неговиот 46-годишен татко, кој пред тоа се расправал со неговата 40-годишна сопруга, мајка на малолетникот. Во премсетката, таткото се задобил со неколку исеченици и за среќа никој не бил посериозно повреден. Од полицијата информираат дека работата на расчистување на овој случај.

 

Коментарите се затворени.