Внимание: Лизгави коловози, одрони и голомразица кон Стража и по долината на Радика

Гостивар, 1 декември 2023 –  Доколку патувате овој викенд имајте го во предвид известувањето на полицијата во кое се предупредува на условите по патиштата низ нашиот регион.

 

– Есенските врнежливи денови, покрај другото, причинуваат  влажни коловози и отежнато движење на возилата, особено на високите планинските патишта во Полог, кон Стража и Маврово и пред се по долината на Радика, најчесто доцнавечер и во раните утрински часови. Доколку во наредните денови позначително се спуштат температурите, како што најавуваат синоптичарите, на овие патишта можна е појава и на голомразица, како и одрони од земја и камења.

Поради ова, СВР Тетово апелира до возачите да бидат крајно внимателни ако патуваат кон Стража, Маврово или Попова Шапка, задолжително да поседуваат зимска опрема и да ја прилагодат брзината според условите на патот.

– На возачите им се советува, исто така, навреме да ја проверат техничката исправност на нивните возила и посебно оние кои вршат јавен превоз на патници со автобуси и комбиња, да не конзумираат алкохол кога седнуваат зад волан и да не управуваат  неподготвени и заморени.

Полициските службеници и во наредниот период ќе продолжат со засилени контролни активности за техничката исправност, како и брзината со која се движат во и надвор од населените места. Техничките неисправните возила ќе се исклучуваат од сообраќај и ќе следуваат соодветни поднесоци, како и за пребрзите и возачите кои ги управуваат возилата под дејство на алкохол.

 

Коментарите се затворени.