Промовирана услугата за помош и нега на немоќни лица
Гостивар, 22 декември 2023 – Здружението за обезбедување социјални услуги СОЦИО Гостивар по мотото „Услуга дома за достоинствен живот“ ја промовираше услугата помош и нега во домот. Промотивни материјали беа делени на градскиот плоштад, а имаше информативна средба со граѓани и претставници на институции.
Од здружението информираат дека со оваа услуга се обезбедува помош и нега на лица со привремено или трајно намален функционален капацитет. На ваков начин ќе им се овозможи да продолжат да живеат во сопствениот дом.
– Обезбедувањето грижа за лицата кои им е потребна и на нивните семејства на територија на општина Гостивар претставува голем предизвик. Услугата помош и нега во домот со која се обезбедува помош во вршење основни и инструментални активности од секојдневниот живот, не беше достапна во општината. Тоа беше главниот мотив за формирањето на Здружението во 2022 година, истакна Марија Дробњак, координаторка на СОЦИО.
Во меѓувреме ова здружение стана лиценциран давател на услугата, со три постојано вработени негувателки кои пружаат нега на 13 корисници. Дробњак напомена дека од следната година планираат да го зголемат капацитетот и да се грижат за четириесетина лица, а бидат ангажирани 19 негувателки.
Здружението на СОЦИО работи според прописите и правилниците на Министерството за труд и социјална политика за давање на социјалната услуга помош и нега во домот. Повеќе информации за постапката за добивање на услугата, граѓаните може да добијат во Центарот за социјална работа во Гостивар или директно во здружението.
„Услугата помош и нега во домот е наменета за лица кои имаат над 65 години и не можат самостојно да функционираат. Негувателките имаат обврска да ги следат виталните функции на корисниците и да го контролираат нивото на шеќер, крвениот притисок, температура, набавка на лекови и прехрамбрени продукти, а по потреба да ги придружуваат до лекар.
погледнете го видеото за повеќе информации
згм
Коментарите се затворени.