Новогодишен хепенинг, доделени над 600 пакетчиња за децата

Гостивар, 25 декември 2023 (МИА) – Во организација на хуманитарното здружение на граѓани „Д-р Трајче Нешковски“ на градскиот плоштад се одржа предновогодишен хепенинг под мотото „Насмевка за секое дете“ за најмладите од гостиварските градинки и училишта. Најмладите во присуство на родители, наставнички и учителки учествуваа во забавата со маскоти на дедо мраз и ликови од цртаните филмови.

– Со овој настан и предновогодишна забава за децата придонесуваме да се создаде празничната атмосфера и да предизвикаме радост и насмевки кај нашите најмлади сограѓани, рече Ема Нешковска од ХЗГ „Д-р Трајче Нешковски“

На хепенингот покрај дружењето и заедничко фотографирање, на децата кои дојдоа им беа поделени над 600 новогодишни пакетчиња кои ги обезбеди здружението.

Коментарите се затворени.