Крстот од Вардар го извади Огнен Анастасијевски

Гостивар, 19 јануари 2024 – Годинава, светиот крст што во водите на Вардар беше положен на пладне, на христијански празник Богојавление Водици, го фати Огнен Анастасијевски. Овој седумнаесетгодишен средношколец беше еден од триесетината гостиварци кои влегоа во реката. Првите честитки и осветена икона како подарок доби од митрополитот г. Јосиф, по што им се заблагодари на сите сограѓани, честитајќи им го празникот.

Прославата на празникот започна утрово со света литургија во соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ на градскиот плоштад. По богослужбата, на митрополитот г. Јосиф, литијата тргна од црквата и преку централното градско подрачје до малиот мост на кејот. Од таму митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф го изврши чинот на осветување на водите и го положи светиот крст во реката, а годинешните кумови ги послужија верниците кои учествуваа на годинешната десетта по ред манифестација од нејзиното обновување.

згм

фото ProCam studio

Коментарите се затворени.