Соопштение на ОО СДСМ Гостивар за патронатот во ООУ „Гоце Делчев“
Гостивар 5 февруари 2024 – Општинската организација на СДСМ Гостивар објави соопштение на профилот на Фејсбук со реакција за одбележувањето на патронатот во ООУ „Гоце Делчев“ кое го пренесуваме во целост.
https://www.facebook.com/SDSMGV
Денес, во рамки на ООУ Гоце Делчев во Гостивар се одбележа патронатот на училиштето по повод раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев, револуционерот и визионерот за слободна и независна македонска држава и рамноправност на македонскиот народ.
Додека претставници на општинското раководство на вмро дпмне Гостивар, беа присутни на настанот и манифестацијата организирана во чест на великанот Гоце, ОО СДСМ Гостивар не беше ниту информирана, ниту поканета на истиот тој настан.
Оваа година, училиштето за прв пат го слави патронатот на денот на раѓањето, а не на денот на смртта како што беше вообичаено, па оттука очекувано е дека не можеме да знаеме за неговото одржување, без претходно некој да не информира.
Притоа, училиштето е единственото место каде што е поставено спомен обележје на Гоце Делчев во градот и каде што можеме да положиме свежо цвеќе во негова чест.
Наивна е информацијата од директорката на ООУ Гоце Делчев, која е од редовите на вмро дпмне, дека претставниците на нејзината матична партија, која ја поставила и поддржала да биде на чело на таа позиција, не поканила ниту една политичка партија на настанот, а претставниците од раководството на дпмне случајно се нашле таму.
Ликот и делото на Гоце Делчев се големи. Многу поголеми од тоа што ние како политичка партија, односно граѓани на овој град нема да бидеме поканети на еден настан од културно, историско и национално значење.
Коментарите се затворени.