Дафина Стојаноска: Не се почитувале правилата на балансерот и „бадентер“ при вработување во болницата

Гостивар, 12 февруари 2024 –  Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска објави список на новоработените лица, доктори, медицински сестри во гостиварската болница, на неопределено време. Таа во објавата на Фејсбук профилот посочува дека не се почитуваат правилата за рамноправност по етничка определба. На списокот меѓу нив нема ниту еден Македонец.

https://www.facebook.com/StojanoskaDafina

– Важи ли правичната застапеност, на која се повикуваат поединци (ама само тогаш – кога им одговара), за вработувања во гостиварската општа болница? – прашува во објавата пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.

На објавените списоци со вработени лица, доктори, на неопределено време, според имињата и презимињата меѓу нив нема ниту еден Македонец.

– Погледнете убаво и уверете се дали и како се спроведуваат во Гостивар балансерот и Бадинтерот – вели таа во објавата.

Коментарите се затворени.