Денес е Светски ден на радиото

Гостивар, 13 февруари 2024 – На овој ден ќе потсетиме дека РАДИО како електронски медиум е најстар. Радиото и понатаму успева да се адаптира на ритамот на општествените и технолошките трансформации, но и на потребите на слушателите.

Зошто овој ден е важен за нас..?

Под покровителство на УНЕСКО, денеска по 13. пат се прославува Светскиот ден на радиото.На 36-тото заседание на Генералното собрание, УНЕСКО го прогласи 13 февруари за Светски ден на радиото.

Предлогот беше претставен од Кралството Шпанија на 187-та седница на Извршниот комитет на УНЕСКО. Датумот 13 февруари е избран за да го одбележи основањето на радиото на Обединетите нации во 1946 година.

Целта на Светскиот ден на радиото е да се подигне свеста кај јавноста и медиумите за самата вредност на радиото, да се подобри меѓународната соработка и да се обезбеди пристап до информации преку радио.

Во својата одлука, Генералната конференција ги поттикнува земјите-членки да преземат активности за одбележување на овој ден, како на локално така и на национално ниво, со учество на национални комисии, невладини организации, јавноста и различни институции (училишта, универзитети, општини, градови, медиуми, новинари, професионални здруженија, музеи, културни).

Во чест на Светскиот ден на радиото ја пренесуваме и оригиналната порака на УНЕСКО

https://www.unesco.org/en/days/world-radio

Коментарите се затворени.