Прес на ОО СДСМ Гостивар: Недозволиво е да се вработуваат кадри само од една етничка заедница (ВИДЕО)

Гостивар, 13 февруари 2024 – Претседателот на ОО СДСМ, Игор Велјаноски преку видео обраќање побара од надлежните институции и болничката управа на ЈЗУ Општа Болница „д-р Ферид Мурад“ да ја поништат одлука, бидејќи  е противзаконска и противуставна, а прекршителите на Уставот и Законите треба да бидат повикани на одговорност.

Обраќањето го пренесуваме во целост и со линк до видеото.

https://www.facebook.com/watch/?v=1641653476641167

Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани

ОО СДСМ Гостивар, сака да ја информира јавноста дека ја следи состојбата со вработувањата во ЈЗУ Општа Болница „др. Ферид Мурад“ Гостивар и ја изразува загриженоста и разочараноста од раководната структура на болницата, која со вчерашната одлука за избор на кандидати за вработување, стори грубо кршење на начелото за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници при вработување во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа, согласно Уставот на РСМ и позитивни законски прописи.

Одлуката со која се  избираат кандидати за различни работни позиции во болницата, а од кои 10 се доктори по медицина и 10 се медицински сестри, не е примен ниту еден македонски кандидат е против уставните и законските прописи со кои се гарантира почитување на начелото за соодветна и правична застапеност на граѓаните при вработувањето.

Со оваа прес конференција сакаме да истакнеме дека во Македонија, НИКОЈ нема право да биде над законот и тоа да остане премолчено.

Недозволиво е никаде, а особено не во град каков што е Гостивар кој што е синоним за мултиетничност и соживот, да се случуваат и дозволуваат вакви груби облици на дискриминација и да се вработуваат кадри од само една етничка заедница.

Македонското здравство не смее да биде заложник на никакви облици на злоупотреба- Ниту на партиска, ниту на етничка, ниту на лична, туку баш напротив, треба да се вработуваат квалитетни кадри со знаење.

Почитувани, ваквата одлука е противзаконска и противуставна и истата бараме да биде поништена, а прекршителите на Уставот и Законите треба да бидат повикани на одговорност!

Ви Благодарам!

Коментарите се затворени.