Таравари објави дека ќе се кандидара за претседател на државата
Гостивар, 15 февруари 2024 – На прес конференција која се одржа на градскиот плоштад, лидерот на Алијанса за албанците и градоначалник на општина Гостивар, Арбен Таравари најави дека ќе влезе во трката за претседател на државата. Неговата кандидатура е предлог на Претседателството на АА и ја има поддршката од опозициските партии на Албанците, обединети во коалицијата „Европски сојуз за промени“ (ЕСП).
Тој во објавата кажа:
– Имаме можност диверзитетите во нашата земја да ги претвориме во уметност, на соживот и хармонија. Со заемна почит ќе можеме да се вратиме на сонот кај сите, можеме да ги имаме и да ги оствариме. Јас верувам дека ова е вистинскиот ден за почеток. Сигурен сум во вашата поддршка. Со почит го чекам гласот од секој од вас. Дојде време државата да има претседател Албанец не технички, туку вистински. Во мојата заклетва кога ја добив титулата лекар се обврзав дека во извршувањето на мојата професија нема влијае религијата, националноста, расата, политиката или класните припадности. Сакам овие зборови добро да ги запаметите, бидејќи тие ќе ја изразуваат суштината на моето ветување и задачата која еден претседател треба да ја има кон луѓето во нашата држава. Сигурен сум во вашата поддршка. Со почит го чекам гласот од секој од вас. Дојде време државата да има претседател Албанец не технички, туку вистински, рече Таравари.
Кандидатурата ќе ја поднесе со собрани десет илјади потписи на граѓани, бидејќи како што рече нема поддршка од потребниот број на пратеници. По прес конференцијата Таравари како домаќин ги почести гостите и лидерите на коалициските партии со баклава во слаткарницата „Рекорд“
Коментарите се затворени.