Во април АРЕА ќе има Unplugged концерт
Гостивар, 21 февруари 2024 – Бендот Ареа, закажа Unplugged (акустичен) концерт кој ќе се одржи во Македонската Филхармонија кон средиата на април. Наскоро ќе започне и продажбата на влезниците, кои според најваите се во ограничен број. Ја пренесуваме нивната покана:
„Ареа ја носат својата акустична магија во Македонската Филхармонија.
Поканети сте на АРЕА Unplugged концерт кој ќе биде снимен во живо за концертно аудио и видео издание.
Картите за концертот на АРЕА ќе бидат пуштени во продажба од 1 Март преку мрежата на mktickets.mk во органицација на Фреш Унион. Не чекајте многу, билетите се во ограничен број. Се гледаме и слушаме акустично на 19 Април, во 20:00 часот, во Македонска Филхармонија.“
Коментарите се затворени.