Откриени пет неисправни и нерегистрирани возила во јавен превоз
Гостивар, 22 февруари 2024 – Јавашлакот и неодговорноста на компаниите кои вршат јавен превоз повторно се најде на „удар“ на полицијата. Во последната контрола на комбиња и автобуси кои превезуваат патници во гостиварско.
Од СВР Тетово информираат дека вчера (21 февруари) од 7 до 11 часот биле откриени и санкционирани 5 технички неисправни возила, односно возачи.
– Три од возилата имале неисправни сопирачки, а 2 неизвршиле технички преглед. Технички неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се поднесоци со парични глоби од 400 евра во денарска противвредност, вели портпаролот Марјан Јосифоски.
СВР Тетово упати апел до учесниците во јавен превоз на патници, автобуси, минибуси, комбиња или патнички-такси возила, навреме да ја проверат техничката исправност на возилата. На тој начин најнепосредно ќе придонесат за сопствената и за безбедноста на патниците што ги превезуваат, како и на другите учесници во сообраќајот.
Коментарите се затворени.