Концерт на Вокална работилница Бистрик – Биља Крстиќ во Куманово
Гостивар, 5 март 2024 – Биља Крстиќ и десет исклучителни женски вокали овој четврток (7 март 2024 во 19 часот) во Занаетчиски дом во Куманово ќе одржат целовечерен концерт. Концертот е во чест на отворањето на канцеларијата на српскиот културно-информативен центар СПОНА во Куманово.
Ова е исклучителна ретка можност за љубителите на традиционалната музика во нови аранжмани и обработки на песни кои се вкоренети во културата на балканските народи. Концептот наречен Вокална работилница „Бистрик“ веќе 12 години успешно обединува млади талентирани пејачи. За работилницата нејзниот идеен творец Биља вели:
– Дизајнирана е уметнички да ја популаризира традиционалната музичка култура на Србија и да им даде можност на талентираните пејачи да се заљубат, да учат и да го пренесат своето знаење на идните генерации. Негуваме музика, традиција, добра атмосфера, дружење, емпатија и тимска работа со младите пејачи. Нашата работилница нуди богата концертна активност, гостувања на престижни натпревари и фестивали, учество во телевизиски емисии, музички спотови и е препознатлива по стилот, прецизната интерпретација како и специјално креираните костуми, објаснува Крстиќ
Биља Крстиќ, музички педагог и долгогодишен вокален солист на оркестарот „Бистрик“, долги години беше уредник во Радио Белград. На музичката сцена е од 70-тите години на 20 век како член на бендовите „Сунцокрет“ и „Рани мраз“, а подоцна успешно гради соло кариера. Многупати е наградувана за нејзината работа, а во биографијата на Биља Крстиќ е и музиката за филмот „Зона Замфирова. Сега е актуелна со музиката од филмот „Хероите на Халиард“ во режија на Радош Бајиќ.
Канцеларијата на СПОНА во Скопје го прослави своето полнолетство на крајот на минатата година. Концертот во Куманово е во пресрет на отворањето на канцеларијата во овој град на североистокот на Македонија.
Коментарите се затворени.