Soundcheck го објавија видео спотот за третиот сингл „Сенки и спомени“ (ВИДЕО)

Гостивар, 11 март 2024 –  Гостиварскиот поп-рок квартет Soundcheck по објaвата на третиот сингл насловен “Сенки и Спомени” го промовираа и видеото за новата песна.

Претходно информиравме дека Давор Карафилоски – вокал, Драгутин Јаковлевски – електрична гитара, Војкан Јаковлевски – акустична гитара и Марко Стамески – тапани го завршија снимањето и најавија спот. да потсетиме дека новата песна (трет сингл) е производ на соработката со скопското GreenRoom Sound Studio, каде се снимаше и продуцираше.

– Сé започна од акустична снимка која ја имавме од пробите што ги одржувавме, потоа му ја испративме на Дамир Пух кој создаде мелодичен риф и целосна музичка подлога. Имавме и дел од мелодоската линија како и дел од текстот кој беше некомплетиран, па така дојдовме до идејата Наташа Миха да се вклучи во проектот. Таа стави свој печат на текстот и ги отпеаа пратечките вокали, напоменуваат од Soundcheck.

Видео записот е на младите креативци од 351 студио. Тие ја превзедоа обрската за изработка на видеото и дадоа придонес за да на крајот добиеме одличен конечен производ. Видеото може да го погледнете тука, а песната да ја слушате на 106,4 Radio G.

Коментарите се затворени.