Дафина Стојаноска носител во 6 ИЕ: Честа е огромна, време е за промени

Гостивар, 11 март 2024 – Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска ќе биде носител во Изборната единица 6.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги потврди имињата на носителите на пратеничките листи. Листата во првата изборна единица ќе ја предводи Мицкоски, во втората носител ќе биде Владо Мисајловски, во третата Драган Ковачки, во четвртата Александар Николоски, а во шестата Дафина Стојаноска. За петтата изборна единица сè уште не е дефинирано имeто на носителот.

Мицкоски изјави дека ќе водат позитивна кампања која ќе биде насочена на нудење решенија за проблемите на граѓаните.

Дафина Стојаноска во последната објава напоменува: Време е за промени Честа е огромна, обврската уште повеќе…

За Македонија и за ИЕ 6 вреди секој збор, секој изгазен чекор, секоја стисната рака, вперен

поглед, укажани совети и критики… Укажаната доверба на претседателот Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја сработиме заедно со сите кои гледаат единствен спас во ВМРО-ДПМНЕ за спас на Македонија!

 

Коментарите се затворени.