Напишани пет казни за неисправни возила кои вршат јавен превоз
Гостивар, 14 март 2024 – Вчера (13 март) од 7 до 11 часот на тетовско-гостиварското подрачје спроведена е акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. При контролата по гостиварските сообраќајници биле откриени и законски санкционирани 5 технички неисправни возила кои имале неисправни сопирачки.
– Возилата веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се предвидените поднесоци со парична глоба од 400 евра во денарска противвредност. При контролата, исто така, санкционирани се и 4 други видови сообраќајни прекршоци, наведува порптаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира до учесниците во сообраќајот редовно да ја проверуваат техничката исправност на возилата и особено на сопирачките и уредите за управување. Зашто, на тој начин ќе придонесат за сопствената и безбедноста на оние кои ги превезуваат во возилата, како и на другите учесници во сообраќајот.
До возачите се апелира, исто така, да ја прилагодат брзината според условите на патот и да внимаваат каде ги паркираат возилата.
Коментарите се затворени.