Светски ден на потрошувачи 15 Март: „Фер и одговорна вештачка интелигенција за потрошувачите“.

Гостивар, 14 март 2024 – Во пресрет на 15 март кој е означен како Светски ден на правата на потрошувачите ја пренесуваме пораката на Организацијата на потрошувачи на Македонија. Годинава таа е фокусирана на вештачката интелегенција (ВИ).

Подолу можете да ја прочитате во целост.

Светскиот ден на правата на потрошувачите е глобално признат со поддршка од Обединетите нации и други меѓународни актери. Повеќе од 40 години Consumers International води кампањи за правата на потрошувачите обединувајќи го потрошувачкото движење во заедничките активности. Членовите на оваа организација помагаат да се избере темата на кампањата секоја година, со цел да помогне во мобилизирање на организациите кои ги заштитуваат правата на потрошувачите во една глобална акција за третирање на важни теми и горливи  прашања кои влијаат на потрошувачите и нивните права. Оваа година во центарот на внимание е вештачката интелигенција (ВИ), преку кампања: „Фер и одговорна вештачка интелигенција за потрошувачите“. Организацијата на потрошувачите на Македонија како членка на Consumers International веќе трета  деценија се приклучува на кампањите на  Consumers International. .

Се поставува прашањето: Што ќе донесе новото европско законодавство за вештачка интелигенција?

целиот текст е тука

 

15 март – Светски ден на правата на потрошувачите

Коментарите се затворени.