Тече конкурсот за Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри 2024“, пристигнати над 70 пријави

Гостивар, 20 март 2024 – Конкурсот за учество на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри-2024“ што беше распишан минатиот месец е во тек и преостануваат уште единаесет дена до неговото затворање. Ова е потсетување за поетите и поетесите да ги пријават своите авторски дела и да ги испратат на електронската адреса: [email protected]

– Во пресрет на одбележувањето на 25 годишнината од Светскиот ден на поезијата ги потсетуваме сите љубители на пишаниот збор да испратат свои песни доколку сè уште не го сториле тоа, велат од организацискиот тим на фестивалот

Досега заведени се над 70 пријави како од нашата земја така и од балканските земји: Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Романија и Хрватска.

– Од досегашното искуство во изминатите десет години, токму последните денови пред истекот на конкурсот пристигаат најголем број на пријави. Се надеваме дека и оваа година периодот што следи ќе ја оправда таа активност, посочуваат од организацискиот тим.

Меѓународниот поетски фестивал се организира по единаесетти пат во чест на Св. Кирил и Методиј, денот на сесловенските просветители.  Повеќе информации на линкот:

https://www.facebook.com/literaturniiskri

Коментарите се затворени.