ДИК ги потврди кандидатурите за претседател
Гостивар, 22 март 2024 – Кандидатурите за претседател на државата веќе се потврдени и во првиот круг ќе влезат седумина. Според измените на Изборниот законик, од моментот на потврдување на кандидатските листи до започнување на изборната кампања на 4 април учесникот во изборната кампања не смее да троши средства од трансакциската сметка наменета за изборна кампања. Учесниците во изборите имаат право да организираат по еден јавен настан за промоција на нивните потврдени листи на кандидати и изборните програми.
Потврдени кандидатури за претседател на Република Северна Македонија 2024 година имаат: Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, Стевче Јакимовски поддржан од ГРОМ, Максим Димитриевски од партијата ЗНАМ, Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција Вреди, Билјана Ванковска Цветковска од Левица, Бујар Османи од ДУИ и Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ.
Кандидатите Јакимовски и Таравари во рок од 48 часа до ДИК треба да доставаат единствен даночен број и трансакциска сметка.
Редниот број на кандидатите и изгледот на гласачкото ливче ќе се знае најдоцна до 28 март кога треба да се одржи жребување во ДИК.
Коментарите се затворени.