Отворен предизборниот штаб на ВЛЕН, Таравари не прифаќа победа со помала разлика од 7.000 гласови

Гостивар, 23 март 2024 – Кандидатот за претседател на државата, Арбен Таравари синоќа на отворањето на предизборниот штаб во Гостивар искажа голем оптимизам за изборниот резултат и напомена дека не прифаќа победа во општина Гостивар со разлика од помалку од 7000 гласови.

Таравари рече и дека нема сомнеж дека коалицијата ќе извојува победа како во полошкиот регион, така и низ Македонија.

– И оваа победа е евидентна, бидејќи Албанците секогаш си ја завршиле работата, од 2011 година ни даваат сигнал да се обединиме и да ја победиме владејачката партија, изјави Таравари.

Таравари ги повика членовите на партиите кои ја сочинуваат коалицијата ВЛЕН да не потпаѓаат во провокации и да бидат мирни.

– 24 април ќе им зададеме мал удар, а на 8 мај нокаут, рече меѓу другото Арбен Таравари.

Претседателот на Демократското движење Изет Меџити на отворањето на штабот дека при формирањето на новата влада ќе се води сметка за образованите и обучени кадри да бидат на правите позиции. На отворањето на штабот кој на улицата ЈНА (дебарска) беа и лидерите на останатите политички партии кои ја сочинуваат коалицијата ВЛЕН.

Коментарите се затворени.