СДСМ ги објави листите за пратеници, Ема Нешковска во 6 ИЕ

Гостивар, 23 март 2024 – Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на 28 конгрес што се одржа вечерва во Скопје ги објави и потврди кандидатските листи за претстојните парламентарни избори.

Во изборната единица 6 носител на листата е Славјанка Петроска актуелен министер за одбрана, втор е младинскиот активист од Желино Агрон Демири, а на третото место Ема Нешковска, член на Совет на општина Гостивар правничка вработена во Царинската управа.

Нешковска, Петровска и Демири

Непосредно по одржувањето на конгресот Нешковска на нејзиниот ФБ профил со објава ја потврди информацијата:

Почитувани другари и другарки,

Ми претставува особена чест и задоволство да објавам дека сум дел од победничките листи за пратеници на претстојните парламентарни избори. Голема благодарност до раководството на СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија за укажаната доверба да го добијам третото место во мојата ИЕ6! Честа е голема, но одговорноста уште поголема. Со заедничка и посветена работа, сигурна сум дека СДСМ ќе биде двоен победник на претстојните претседателски и парламентарни избори!!!

Коментарите се затворени.