Државната изборна комисија со ждрепка го утврди редоследот на кандидатите за претседател на гласачкото ливче

Гостивар, 25 март 2024 – Претставници на седумтемина кандидати за претседател на Македонија, денеска во ДИК ги извлекоа имињата и го одредија редоследот на гласачкото ливче.

За првиот круг на избори на 24 април на број 1 ќе биде актуелниот претседателот Стево Пендаровски (кандидат поддржан од СДСМ), втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова. Како трет на извлекувањето во ДИК

е Стевчо Јакимовски од ГРОМ, четврт е Бујар Османи, кандидатот на ДУИ. Билјана Ванковска од Левица е на редниот број пет, а Арбен Таравари од Алијанса – Европскиот сојуз за промени е шести. Максим Димитриевски, кандидат на партијата ЗНАМ, ќе биде седми. Според професиите Пендаровски, Силјановска и Ванковска се професори, а Таравари и Османи лекари. Јакимовски е економист, а Димитриевски е правник.

 

Коментарите се затворени.