Петмина осомничени за кражба на добиток
Гостивар, 29 март 2024 Пет лица се лишени од слобода под сомнение дека препродале трисетина овци без одобрение од сопственикот.
Од СВР Тетово информираат дека полицајци од Полициско одделение Галате, вчера (28 март) во два наврати во попладневните часови ги лишиле од слобода: Е.Ф.(23), Ј.М.(18), Е.А.(27), А.Д.(18) и И.Ф.(32), сите од гостиварски Добридол.
– Тие се сомничат дека во периодот од 23 март до 28 март од штала сопственост на 38-годишниот С.М. од истото село, противправно одзеле добиток и потоа го продале на друго лице од тетовско, наведуваат од СВР Тетово.
Петмината се задржани се во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
Коментарите се затворени.