СДСМ отвори предизборен штаб во Малеарди (ВИДЕО)

Гостивар, 1 април 2024 – ОО СДСМ Гостивар вчера го отвори првиот изборен штаб во населба Малеарди. На настанот присуствуваа и носителката на листата за ИЕ6 Славјанка Петровска, кандидатката за пратеничка од Гостивар Ема Нешковска, партиското раководство, членови, симпатизери и поддржувачи на партијата.

Петровска во своето обраќање истакна дека СДСМ е државотворна партија која носи тешки, но храбри одлуки со кои државата оди напред и дополни дека како партија имаат план и знаат како да обезбедат подобри услови за живот и тоа ќе го направат во новиот мандат.

Ема Нешковска пак, истакна дека СДСМ носи сигурност, безбедност и европска иднина и најави дека Гостивар ќе ја донесе победата во шестата изборна единица.

Од општинското раководство информираат дека во периодов што следи планирано е отворање на уште неколку изборни штаба.

Коментарите се затворени.