Шумски пожар во борова шума над Дебреше, во Пожаране гореле две викендички
Гостивар, 2 април 2024 (МИА) – Шумски пожар вечерва се разгоре вечерва во атарот на гостиварското село Дебреше и зафати борова шума. Заради интензитетот и временските услови отежнато се гасне. Огнот кој претходно гореше во атарот на селото Пожаране, биле зафатени две викендички. Лошите временски услови не дозволуваат ефикасна интервенција.
Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК) во текот на денот имало два пожари во гостиварско. Едниот во атарите на селата Печково и Долно Јеловце и во кој гореле висока трева и стрништа е угаснат. Додека попладнево, според ЦУК се појавил уште еден во близина на селото Дебреше. За гаснење и локализирање на огнот ќе се делува утре.
– Вториот пожар е во село Дебреше, гостиварско има навлезено во борова шума и засега не може да се стави под контрола. За утре е најавено барување на воздушна подршка, наведуваат од ЦУК.
Коментарите се затворени.