Вешта измама: Од сметка на гостиварец извадени 8,5 илјади евра

Гостивар, 3 април 2024 – Гостиварец кој повремено живее во земјава пријавил дека од личната банкарска сметка му се одземени над 530 илјади денари. Измамници ја искористиле неговата платежна картичка и во повеќе наврати префрлале пари на други места. Случајот бил пријавен откако гостиварецот бил известен од банката дека нема повеќе пари на сметка.

извор на фото интернет

Од СВР Тетово информираат дека вчера (02.04.2024) случајот го пријавил 48-годишен маж од Гостивар. Според пријавата, тој минатиот месец (март 2024 година) бил во работилница кај лицето Е.Н. од Гостивар за поправка на мобилен телефон.

– Таму било кажано дека за услугата кај производителот треба да уплати 2,99 евра со платежна картичка. Тој се согласил и на Е.Н. му пратил фотографија од својата кредитна картичка, наведуваат од СВР Тетово.

Оштетениот на 14.03.2024 на неговиот мобилен телефон добил СМС известување дека од неговата платежна картичка се извршени повеќе плаќања. По ова, го контактирал пријавениот, кој го убедувал ќе го расчистат направениот пропуст.

Две недели подоцна (01.04.2024 година) оштетениот добил информација од својата банка дека нема повеќе средства на сметката, односно дека му се земени 535 483 денари. Се преземат мерки и активности за расчистување на случајот.

 

Коментарите се затворени.