Дафина Стојаноска од гостиварци побара поддршка за Силјановска-Давкова (ВИДЕО)
Гостивар, 16 април 2024 – Актуелната пратеничка и член на ИК на ВМРО ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на средби со жителите на општина Гостивар побара да гласаат за кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска-Давкова.
Стојановска во изјавата која ја даде во близина на градскиот пазар напомена дека владее незадоволство од, како што рече, оваа поткупливи и за граѓаните незаинтересирана власт.
– Затоа на 24 април ќе го заокружат бројот 2, бидејќи професорката Гордана Силјановска Давкова го промовира концептот претседател за сите луѓе. Таа ќе биде на страната на народот, а не страната на елитите кои нè доведоа до ова. Македонија повторно ќе биде горда и повторно на сите нејзини граѓани, изјави пратеничката Дафина Стојаноска и член на потесното партиско раководство на ВМРО ДПМНЕ.
Таа оцени дека на градскиот пазар во Гостивар владее незадоволство и кај купувачите и продавачите.
– Едните затоа што производите ги продаваат по незадоволителни цени, другите затоа што производите ги купуваат по прескапи цени. И едните и другите се незадоволни од оваа власт, потенцира Стојаноска.
Видео снимка од изјавата на Дафина Стојаноска.
активностите на Стојаноска може да ги следите на нејзиниот Фејсбук профил
https://www.facebook.com/StojanoskaDafina
згм
Коментарите се затворени.