Нешковска: Ја бараме поддршката од сите што веруваат во концептот за европска иднина (ВИДЕО)
Гостивар, 26 април 2024 – Кандидатката за пратеник во Изборна единица 6 од редовите на СДСМ, Ема Нешковска по првиот круг на претседателските избори даде оценка и најави поинтензивна кампања во наредниве денови.
Нешковска им се заблагодари на граѓаните кои излегоа на гласање во првиот круг на претседателските избори и ја изразиле нивната волја. Таа во видеопорака оцени дека изборите се празник на демократијата, а Македонија уште еднаш потврди дека има демократски капацитет за да организира фер и слободни избори.
– СДСМ ја прими пораката на граѓаните и го слушна нивното размислување. Ги прифаќаме грешките во минатото и не се изземавме од одговорноста за нив. Во деновите од кампањата ќе продолжиме да бидеме блиску до граѓаните и да ја бараме поддршката од сите што веруваат во концептот за европска иднина и сите прогресивни демократски сили во државата, вели Нешковска.
Кандидатката за пратеник во ИЕ 6 ги охрабрува граѓаните и повикува на 8 мај да се излезе масовно на парламентарните и вториот круг од претседателските избори со поддршка за бројот 1.
– На 8 мај резултатот почнува од 0, а секој глас за СДСМ и коалицијата за европска иднина значи спречување на авторитарна власт и нов силен режим. Не се откажуваме од борбата, ниту од иднината на Македонија. СДСМ бил, е и ќе биде столбот за сигурност на државата, потенцира Нешковска во пораката.
Тука кликнете за видеото преглед
https://www.facebook.com/1609004723/videos/1489926424896283/
Коментарите се затворени.